Италијанскиот вицепремиер до Ричард Гир: “Со твојот приватен авион земи ги мигрантите и смести ги во твоите вили во Холивуд”

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини му порача на познатиот американски актер Ричард Гир дека може со неговиот приватен авион мигрантите да ги пренесе во Холивуд и да ги смести во неговите вили.

Оваа изјава на Салвини следеше откако Ричард Гир денеска ја повика италијанската влада да престане да ги демонизира луѓето и наместо тоа да им помогне на емигрантите заглавени на Медитеранот на бродот со кој управува шпанска хуманитарна група.

Холивудскиот актер во знак на поддршка вчера ги посети мигрантите на бродот „Oтворени раце“.

Салвини иронично го нарече Гир дарежлив милионер и му се заблагодари на актерот што изразил загриженост за судбината на мигрантите на бродот.

– Тој можеше да ги одвезе во Холивуд со неговиот приватен авион и да ги згрижи во неговите вили. Фала ти Ричарде, рече Салвини во изјава која ја пренесоа повеќе медиуми.

Гир претходно на прес-конференција на италијанскиот остров Лампедуза ја спореди политичката ситуација во Италија со онаа во САД во контекст на бегалците од Мексико, Никарагва и Ел Салвадор.

Коментари

Популарно