Верижен судар пред Богородица - сообраќајот пренасочен

Сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила се случи доцна попладнево на автопатот Скопје – Гевгелија, на околу еден километар од граничниот премин „Богородица“.

Од СВР Струмица велат дека во моментов се врши увид на местото на несреќата и  кај клучката Гевгелија се пренасочува сообраќајот по старито пат кон граничниот премин.

Нема официјална информација за повредени патници, иако туристи од местото на несреќата за Канал 5 велат дека има повредени.

Од СВР Струмица повеќе детали најавија подоцна во текот на денот.

Коментари

Популарно