ВИДЕО: Тешка сообраќајка кај Порта Влае - едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва во населбата Влае, на булеварот близу комплексот згради Порта Влае.

Во несреќата учествувале четири возила, Ауди караван со бугарски регистарски ознаки и мерцедес, БМВ и товарно комби, сите со скопски регистарски ознаки.

Според очевидци, до несреќата дошло откако аудито се обидело да го претекне комбето од десна страна и удрило во возило кое било паркирано при што настанал вистински карамбол.

Очевидците тврдат дека возачот на аудито бил во алкохолизирана состојба. На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато и по една лента.

Извор: Пресинг

Коментари

Популарно