Се огласи Карлеуша: Дали Боки13 и должел пари?

Откако македонските медиуми ја пренесоа веста на српски „Курир“ дека Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1,5 милион евра бидејќи толку пари ѝ ги должел на Јелена Карлеуша, пејачката во изјава за „Репортер“ демантира дека му дала пари на Бојан Јовановски и вели дека пишувањата се лага.

„Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот. Многу ми е жал за сè што се случува и се надевам дека Бојан ќе има јасна и цврста одбрана на своето име. Туку никој не е ни луд ни глупав, јасно е дека работите не се такви како што изгледаат и дека Бојан е жртвено јагне на многу посериозна група луѓе. Се надевам дека ќе има фер судење“, рече Карлеуша во изјавата за Репортер.

Инаку, според српски „Курир“, кој се повика на свој неименуван „извор“, Боки во повеќе наврати позајмувал поголеми суми пари од Карлеуша, а кога кариерата му тргнала низбрдо и западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.

Според српски „Курир“, Боки бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша.

Коментари

Популарно