Откако Боки 13 повеќе не е на слобода, најинтересно прашање е кој ја дружи Лила, со оглед на тоа дека таа, Варошлија и Боки беа речиси неразделни во периодот по отворањето на 1ТВ.
„Првата другарка на банкарот“ беше дури и втората дама во џипот на „газда 13-ка“ при неговото апсење на граница.
И за да нема повеќе дилеми и недоумици, одговорот е тука. Лила за дружба си најде достојна замена во „човек од доверба“ од 1ТВ! Кога веќе нема емисија, Зоки – „Фаци“ има „ексклузива“ покрај цревото, да ја дружи и Лила додека Боки е во Шутка!
Или можеби нивната средба во еден од познатите скопски молови беше сосема случајна, па заврши само со еднократен лимонада муабет?
Како и да е, Лила, во отсуство на старото друштво, си најде нова екипа за дружба во Охрид: синот Филип и нејзиниот асистент Спасе – „временска“ од ТВ „Сител“!