Героски се чувствува загрозен и небезбеден по изјавата на Заев

Новинарот Бранко Героски, кој прв објави за аферата Рекет, вечерва побара заштита од меѓународната заедница.

Тој на социјалните мрежи објави апел по изјавата на премиерот Заев и побара заштита од меѓународната заедница:

,,Драги пријатели, вечерашната срамна и заканувачка изјава на премиерот Зоран Заев ме шокираше. Во неа, покрај извесен „педер“ (тоа се негов зборови), се спомнува и „еден суетен новинар“. Таа изјава на социјалните мрежи веќе покрена бран од вербална агресија кон мене. Во овој момент, се чувствувам загрозен и небезбеден, а загрижено е и моето семејство. Поради тоа, ве замолувам, во рамките на вашите можности, да ги известите претставниците на меѓународната заедница за ова што сеслучува“-напиша Героски на својот ФБ профил. Истото го објави и на англиски јазик.

Претходно, новинарот изрази згрозеност и шокираност од изјавата на премиерот.

,, ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.

Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“-напиша Героски

Коментари

Популарно