Атрактивно финале на летната сезона во клубот Централ Парк во Скопје

Најпопуларните музички имиња од регионалната сцена, во периодот кој што следува, ќе ја забавуваат традиционално многубројната публика во најдобриот летен клуб во Скопје, Централ Парк. По одличниот старт на лето 2019, со Наташа Беквалац, Џенан Лончаревиќ, МЦ Стојан, Амар Гиле, Пеџа Меденица и многу други, менаџментот на Централ Парк и во месец август, продолжува со одлична летна програма. На 17 август во сабота, на сцената во Централ Парк ќе се појави незаменливиот двоец Јала Брат и Буба Корели. „Она е“, „Беби“, „Клинка“, „Мила“...се само дел од хитовите кои што во живо ќе ги изведат овие во моментов најпопуларни музичари во регионот.

На 24 август пак, во Централ парк свој концерт, закажаа и убедливо најслушаните регионални ѕвезди на YouTube. Цоби и Сенида, девојката која што за многу кратко време успеа да се искачи на врвот на регионалните топ листи. Со 34 милиони прегледи на YouTube, без сомневање „Мишичи“ на Сенида ќе биде најатрактивниот хит кој што ќе го очекува скопската публика. Ова е прв македонски настап на Цоби и Сенида, и токму поради атрактивноста, менаџментот најави дека влезниците за овој концерт, веќе се пуштени во продажба.

„Ова беше и сеуште е една од најдобрите летни сезони на клубот Централ Парк. И покрај енормно високите температури, публиката не пропушташе можност да се дружи со едни од најатрактивните музички имиња во регионот. Стандардно покрај нив, свој простор на нашата сцена имаа и нашите изведувачи како Џони Лајф, Жаре Бербер, Либеро бенд, Слаткар, Два бона и други. Имињата кои што ги најавуваме за крај на оваа летна сезона, се доказ дека и во периодот кој што следува, планираме сериозно да работиме на ноќниот живот во Скопје“ – велат од менаџментот на Централ Парк.

Влезниците за концертите на Јала Брат, Буба Корели, Цоби  и Сенида , можете да ги обезбедите во клубот Централ Парк, во кафе бар Манго во Кисела Вода и кафулето Ревија во Лептокарија. 

Коментари

Популарно