8 лица загинаа во пожар во хотел

Според првичните информации најмалку 8 лица загинаа во пожар што избувна утрово во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти украинската служба за вонредни ситуации.

Во соопштението се вели дека 10 лица се спасени во пожарот.

Пријавено е дека пожарот избувнал на вториот кат од хотелот Токио Стар.

65 спасувачи и 13 противпожарни возила се испратени на самото место, а покрената е истрага за утврдување на причината за овој трагичен инцидент

Коментари

Популарно