ВИДЕО: Жена сама живее во сибирска шума веќе 75 години

75-годишната Агафја Ликова сигурно е една од најнеобичните жени на светот. Нејзиното 6-члено семејство живеело во сибирска шума 40 години целосно изолирано од другите луѓе, што не биле ниту свесни дека се случила Втората светска војна и дека завршила.

Ви 1978 година ги пронашла група геолози, а единствен последен жив член од семејството е Агфја Ликова родена во 1945 година, а нејзините родители приопаѓале во православна секта староверници, која се одвоила од руската православна црква во 17. век.

Избегале во шума во 1937 година бегајќи од прогон. Целиот живот таа живеела како селанка од 18. век. Денес, иако живее повлечено, многу е позната во медиумите, а неодамна го прослави 75 роденден.

Освен тоа, ја посетиле и припадници на националниот резерват Хакасиј и Роскосмос, руската космос агенција. Како што е наведено ја предупредиле на лансирањето кое ќе се изврши во Бајконуру, космодромот во Казахстан.

Гелери и делови од ракетата би можеле да паднат многу близу до нејзиниот дом, па ѝ било препорачано да се евакуира додека трае опасноста.

-Ракети и претходно паѓаа, што е сега поинаку – ги прашала.

Одбила да го напушти домот, а тоа го сторила само еднаш кога морала да оди во болница поради болки во зглобовите пред три години.

Работници во националниот парк редовно ја посетугваат за да ја прашаат дали ѝ е потребно нешто, а не е реткост и да добие подароци од целиот свет, бидејќи многумина се заинтригирани со нејзината приказна.

Коментари

Популарно