(ВИДЕО) Што работи Татјана Лазаревска во Австралија и со кого се дружи?

„На Водици, 20 јануари 2015, јас, сопругот Новица и двата сина се преселивме во Австралија. Имавме храброст за тоа. Иако во Македонија имавме пристоен живот, ни фалеа уште некои работи за да имаме навистина квалитетен живот“, раскажа фолк-пејачката Татјана Лазаревска за „Репортер“ која овие три недели е во Македонија. И овој пат дојде сама. Новица сè уште не бил во Македонија, но Татјана вели дека и тоа наскоро ќе биде, ќе дојдат заедно.

Таа за „Репортер“ кажа дека во Австралија работи како воспитувач во градинка, а Новица вози училиштен автобус. Вели дека таму се дружи и со ајктерот Васко Тодоров или Тошо Малерот и пејачката Маријана.

Коментари

Популарно