ВИДЕО: Кучиња им се сснаа на полицајците кои дојдоа да ја уапсат Катица Јанева

Додека македонската јавност под будно око го пратеше апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, заради аферата „Рекет“, камерите забележаа една интересна сцена.

Како што може да се види, кучиња во еден момент ги нападнаа и лаеја по полицајците кои стоеја пред куќата на обвинителката.

Да потсетиме, Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на службената позиција и противправно стекнување на околу 5.000 евра.

Обвинителството бараше мерка притвор.

Во случајот „Рекет“ засега се обвинети само Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски, кои од бизнисменот Јордан Камчев изнудиле повеќе од милион евра во замена за ослободување од притвор.

Инаку, решение за ослободување на Камчев од притворот морала да одобри шефицата на Специјалното обвинителство, Катица Јанева.

Коментари

Популарно