Не му верувајте „секогаш“ на ГПС-от

Вчера попладне во Полициското одделение Петровец,  надлежните лица од касарната „Страшо Пинџур“ пријавиле дека кај нив бил задржан 22-годишен  граѓанин на Германија.

Според пријавата, странскиот државјанин влегол во кругот на касарната. Тој изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС-уредот.

Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно