Еднаш, еднаш ама сепак ќе има Италијанско

Конечно Италијанската Серија А  гледачите ќе може да ја следат на програмата на некоја од Македонските телевизии со национална концесија за кои не треба да се плаќаат дополнителни давачки.

Првенствените натпревари на Горан Пандев во дресот на Џенова, Елиф Елмас во дресот на Наполи и на Илија Несторовски во дресот на Удинезе во следната сезона ќе може да се следат низ телевизиски преноси на Македонската телевизија (МТВ), која ги откупила правата за пренесување на еден натпревар од секое коло. Првиот меч кој ќе оди на националниот канал е пресметката на Интер против Лече закажана за в понеделник од 20.45 часот.

Натпреварите од Сеија А се само дел од богатата спортска програма најавена од МТВ каде што најверојатно ќе одат преносите од средбите на Вардар и на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите како и дебито на Македонија на одбојкарското ЕП следниот месец. Најавена е можност и за пренесување еден меч неделно и од француското првенство.

Коментари

Популарно