ВИДЕО: Хабиб на величенствен начин ја одбрани титулата

УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов ја потврди титулата во лесна категорија, откако во Абу Даби по три рунди го сруши Дастин Поаире. Уште во првата рунда, Хабиб зададе силни удари по Американецот. 

Олучувачкиот момент се случи во третата минута од третата рунда, кога Поаире се предаде. Дагестанецот ја потврди титулата апсолутен шампион во лесна категорија и освои шест милиони долари. 

Оваа победа е 28-ма во исто толку професионални ММА-меча за Хабиб, a Поaрие симнат е од врвот, на кој беше по победата над Макс Холовеј.

И покрај тоа што сите очекуваа, по борбата, Хабиб не најави кога и против кого ќе се појави во рингот до крајот на годината. 

Коментари

Популарно