ФОТО: Елена Миленковска ќе биде српска снаа

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ не само што носи можност за убава промоција и започнување на кариера, туку може да и донесе нови пријателства и љубов. Имено, таква љубов и се случи и на македонската кандидатка Елена Миленковска. Елена имавме прилика да ја гледаме во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше под менторство на Ана Бекута.

Учеството не и донесе влез во финале, но и донесе љубов. Како што веќе неколку пати пишувавме Миленковска е во љубовна врска со исто така учесник од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Гуте Маринковиќ.

Тие врската ја започнаа по завршувањето на музичкото шоу, а неодамна Гуте ја побара Елена за сопруга. На нејзиниот роденден, Елена доби свршенички прстен и брачна понуда, а на својот Гуте му кажа „да“.

Инаку, Гуте е од Србија и работи како воспитувач. Тој исто така се натпреваруваше во музичкото шоу, а неколку пати од емотивната соба го подржуваше токму Елена.

Миленковска ќе биде српска снаа, а ова се нејзините свекор и свекрва, односно родителите на нејзиниот иден сопруг.

Инаку, наскоро започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а Миленковска преку социјалните мрежи најави дека повторно ќе учествува.

Коментари

Популарно