ВИДЕО: Инцидент во Струмица откако било побарано да се измери јачината на звукот од џамијата!

Синоќа во 20:23 часот, СВР Струмица заедно со инспекторатот за животна средина имаа заедничко дејствување во турското маало во Струмица откако претходно до Општина Струмица од стотици граѓани била покренета петиција против гласното пеење на оџата од џамијата. Заедничкото дејствување било со цел да се измери јачината на звукот, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во турското мааало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата.

Од СВР Струмица изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината која синоќа покажала дека е поголема од дозволената. Како што велат очевидци дошло до инцидент бидејќи дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“.

Православното население кое живее во истото маало велат дека тие немаат никаков проблем против џамијата како објект, ниту пак против луѓето од исламската вероисповед, но треба да се внимава на пресилната бучавост од звучниците на џамијата.

Од СВР Струмица велат дека ќе биде побарана средба со верските заедници и проблемот во најбрзо време да биде решен на мирен начин без никакви дополнителни инциденти. Во продолжение погледнете го видеото:

Коментари

Популарно