Не очекува сончев ден

Времето претежно ќе биде сончево и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.. Максималните дневни температури на водухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 33 степени. Во Скопје и околината температура  до 30 степени.

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од југ, на почетокот од следната недела ќе имаме повисоки температури од вообичаените дури и за околу десет степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево на почетокот од неделата со мала до умерена локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Зголемување на облачноста ќе имаме во среда попладне и навечер, кога особено во северната половина не се исклучува можноста за послаби локални врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, а ќе започне да дува северен ветер кој повремено ќе засилува и тоа особено долж Повардарието. Сето ова ќе биде најава за позначителениот пад на температурите на воздухот кој се очекува од честврток, а особено пад ќе бележат минималните температури (ноќните и утринските).

Во четврток ќе имаме повеќе облачност и на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд, а не се исклучува можноста и за локална појава на грмежи. Од четврток температурите на воздухот позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интералот од 18 до 27 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно