Сончево и многу топло

Во текот на денешниот ден  времето ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Поради високите температури вдолж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм. Утринската температура ќе се движи помеѓу шест и 14, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.Во среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови се уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури. Во четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок

Коментари

Популарно