Ова се новите цени на горивата

Според одлуката на  Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од денеска поскапуваат за еден денар,

Според  одлуката малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,48 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5 денари за литар. Останатите горива поскапуваат за еден денар за литар така што новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 62,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,5 денари за литар.

Со одуката на РКЕ за 0,494 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  и сега ќе чини 31,641 денари.

Како причина за зголемувањето на цените на горивата од РКЕ ги посочуваат за 2,94 отсто повисоката просечна цена на бензинот и за 3,42 отсто на дизелот на светскиот пазар во изминатите седум дена, како и за 0,076 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Коментари

Популарно