Македонија нема да игра во осминафинале на Европското одбојкарско првенство

За жал нашата репрезентација нема да игра во осминафинале на Европското одбојкарско првенств. Финска ја совлада Турција со 3:2 (по сетови: 25:20, 15:25, 18:25, 25:23, 15:12) и двете селекции, заедно со Русија и со Словенија од групата Ц, продолжуваат во топ 16 фазата.

На „црвено-жолтите“ им беше потребна било каква победа на турските одбојкари против Финска за место во нокаут фазата, мисија што, сепак, останува да се брка во некоја наредна прилика.

Осминафиналисти на ЕП 2019, покрај четирите селекции од групата Ц, се и Франција, Италија, Бугарија и Грција од групата А, Србија, Белгија, Германија и Словачка од групата Б и Полска, Украина, Холандија и Чешка од групата Д.

Македонските одбојкари не разочараа во дебитантскиот настап на континенталните смотри. Го освоија претпоследното место во Љубљана со скор од две победи – против Белорусија и Словенија по 3:1 и три порази – од Финска (1:3) и од Турција и од Русија по 0:3.

Коментари

Популарно