ФОТО: Ѓоковиќ ги засука ракавите и отиде на нива да си откопа компири

Верувале или не светски познатиот тенисер и првак Новак Ѓоковиќ ги засука ракавите и отиде на нива.

Тој на својот Фејсбук профил сподели фотографии со кои ја шокираше јавноста но и изненади многумина фанови ширум светот.

Неговите фанови не ни помислуваа дека тој би можел да работи нешто друго освен неговата професија, тенисот но по се изгледа Ѓоковиќ знае како да изненади па тој се најде на нива и тоа како земјоделец, иако тој тоа го обожува и е горд што потекнува од таква земја.

Имено тенисерот сподели фотографии од една нива во местото Брзеќ каде собирал компири заедно со жителите.

Тој им се заблагодари на сите за ова убаво искуство во родниот крај, а за возврат за неговата помош добил и вреќа компири, погледнете.

Инаку Новак Ѓоковиќ е роден на 22 мај 1987 во Белград и е професионален тенисер од Србија.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир. Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн.

Коментари

Популарно