Се породи Нина Јанева, а на своето бебе му даде карактеристично име

Пејачката Нина Јанева и нејзиниот сопруг денеска станаа родители.Таа откако неодамна го откри полот и името на бебето, денеска и официјално го потврди.

Пејачката денеска на свет роди девојче кое ќе се вика Арија, а името потекнува од серијата „Игра на тронови“.Ова е прво дете за неа и сопругот Александар кои уште пред две години знаеле како ќе се вика нивното дете.

Инаку денеска меѓу познатите мајка по втор пат стана и познатиот модел Катарина Ивановска.Македонската убавица ќерката реши да ја крсти Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски.

Коментари

Популарно