Здравко Чолиќ: „Не се мешам во љубовните избори на мојата ќерка“

Здравко Чолиќ важи за еден од најпопуларните пејачи во регионот, а за него годините се само бројка. Тој во мај оваа година наполни 68 години, но позитивниот дух и енергија се составен дел од неговиот живот и токму тоа придонесува да трае на музичката сцена.

Освен голем професионалец тој е татко на две ќерки, Луна и Уна, и сопруг на Сандра.Во интервју за „Блиц“, Чолиќ проговори за своите наследнички, за музичката кариера, за скандалите.

„Кога сте јавна личност, тешко дека можете да се сокриете. Живеам живот како и сите други, но мојата

професија е јавна. Приватно не сум мајстор за скандали, па немаше причини да се пишува за тоа. Во времето кога градев кариера немаше многу такви вести“ вели Чолиќ.

На прашањето како реагира на момчињата на неговите ќерки Уна и Лара, тој вели:

„Верувам дека мајка им ги знае сите тајни, но јас нема да се мешам во нивните избори. Мене ми е важно да бидат среќни“ вели пејачот.

Тој ги прокоментира и најновите музички емисии преку кои многу млади стануваат пејачи

„Мислам дека таквите емисии не придонесоа некој да стане голема ѕвезда. Преку ноќ стануваат познати и потоа исчезнуваат. Некој може да биде интересен во моментот, но не значи дека ќе опстане, без оглед на квалитетот на пеењето.Квалитетот на пеењето мора да биде во синхронизација со личноста, однесувањето и харизмата“ вели Чолиќ.

Коментари

Популарно