Најмалку 49 повредени лица од земјотресот во Албанија

Најмалку 49 лица се повредени во силниот земјотрес што попладнево ја погоди Албанија и предизвика вознемиреност во речиси сите држави во регионот. Епицентарот на потресот беше на длабочина од 10 километри во Јадранското море и според инструментите на Европската сеизмичка опсерваторија беше со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала. Според албанските сеизмолози, денешното тресење на тлото е најсилно во земјата во последните 20-30 години.

Албанските медиуми, пак, пренесуваат за сериозни оштетувања на зградата на Рударскиот факултет во Тирана како последица на силниот земјотрес. Сериозното трепење на тлото најпрво доведе до оштетување на ѕидовите на објектот по што и целосно се урнаа. Тотално се уништени и два автомобила што беа паркирани во дворот на факултетот.

Коментари

Популарно