Facebook им пласирал реклами за коцкање и алкохол на 2 милиони малолетни лица

Facebook им пласирал реклами за коцкање и алкохол на 2 милиони малолетни лица откако алгоритамот направил грешка, пишува „Дејли Мејл“.

Facebook таргетирал стотици илјади деца како „заинтересирани“ за реклами за коцкање и алкохол, откри заедничката истрага на „Гардијан“ и Данската радиодифузна корпорација. Ваквите активности ја прекршуваат не само политиката на Фејсбук, туку и законите направени да ги заштитат децата од реклами поврзани со недозволена соржина.

Алатките за рекламирање на социјалната мрежа откриваат дека 740.000 деца на возраст под 18 години се таргетирани како заинтересирани за коцкање, вклучувајќи 130.000 во Велика Британија. Околу 940.000 малолетни лица - од кои 150.000 се британски - се таргетирани како заинтересирани за алкохолни пијалоци. Овие „интереси“ автоматски се генерираат од Фејсбук, врз основа на она што го научил алгоритамот за корисникот со набудување на неговите активности на социјалната мрежа. Маркетерите потоа можат да ги таргетираат со конкретно насочување на рекламни пораки врз основа на овие "интереси". Од Facebook изјавија дека не дозволуваат рекламирање на алкохол на малолетни лица и дека ја блокираат оваа активност веднаш штом ја откријат.

Facebook има дизајнирано алгоритам за полесно таргетирање во рекламирањето но совтверот е очигледно далеку од совршен. Алгоритмите дизајнирани да ги уништат рекламите што ги кршат нејзините правила и оние што се создадени за да ја филтрираат недозволената содржина, честопати се случува да погрешат. Во вакви ситоации Facebook очекува од корисниците да ја пријават ваквата содржина. Проблемот е во тоа што додека некој корисник ја пријави за Facebook да ја одстрани, голема е веројатноста дека веќе ќе биде видена од милиони малолетни корисници.

Коментари

Популарно