ФОТО: Кајмакоски во прегратките на Едита

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски деновиве е во центарот на вниманието на медиумите, поради фотографијата која кружеше во јавноста, на која изгледа дека покажува двоглав орел.

Пејачот се извини и кажа дека не го покажувал тој знак, туку ноктите кои му се лакирани, додека се подготвувал за имитацијата на Тејлор Свифт во шоуто „Твоето лице звучи познато“.Неговата колешка Едита Арадиновиќ која исто така учестува во „ТЛЗП“, застана на негова страна

Имено, таа на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која го прегрнува Кајмакоски и во описот на истата напиша: „Се сакаме, бидејќи ништо друго не е важно“ напиша Едита.

Коментари

Популарно