Невообичаено топол бран кон Македонија

По малку пониските температури на воздухот денес и северниот ветер денес веќе во следните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Иако невообичаено топол сепак овој бран е нормална појава во овој дел од годината во нашиот дел од Европскиот континент.

Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така и атмосферата ќе биде позаматена.

Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно