Се богателе во капела

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 35-годишнатаЉ.Б. и 61-годишниот И.Б. двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 2014 до 14.11.2017 првопријавената, како управител на ДПТУ „Хумка“ ДООЕЛ Кавадарци и во периодот од 14.11.2017 до крајот на 2018 второпријавениот, како управител на наведеното друштво, спротивно на одлуката на управниот одбор на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, ДПТУ „Хумка“, како оператор на погребални услуги, при наплата за користење на ладилникот во рамките на градската капела, наплаќале повисок износ од законски предвидениот и со тоа се стекнал со противправна имотна корист.

Коментари

Популарно