Познатата водителка се враќа со „Најдобриот работник“ на Алфа

Успешни приказни кои имаат за цел да ги мотивираат луѓето да бидат подобри, но и сите оние кои треба да ги вреднуваат. Секоја недела на Алфа ќе се емитува “Најдобриот работник” со Катерина Тодевска Спасиќ, која претходно ја знаевме како водителка на телевизиите Телма и Нова.

Наши работници, вашето време доаѓа. Заброавете на тапкање по рамо, работете за да постоите. Овојпат, Катерина во доста интересна емисија каде ќе претстави обични луѓе со обични и необични професии. Кој како успеал, и дали патот до успехот значи задолжително завршување на факултет или следење на сопствените желби? Децата треба да ги следат своите афинитети, а родителите се тие кои треба да ги поддржат нивните таленти и барања.

“Работник на неделата” може да биде и високообразован работник, но и таков што само ги следел своите соништа и затоа е ценет од околината. Секоја недела во 12 часот на Алфа, емисии за работниците и работодавачите.

Коментари

Популарно