ЧОВЕК ЗМЕЈ: Потрошил 60. илјади фунди на операции!

Тијамат Лизон Медуза потрошил најмалку 61.000 фунти на пластични операции и целосна промена во неговото тело.

Сепак, ова не е само обична опсесија со пластична операција за зголемување на градите, намалување на усните и носот … Тијамат потрошил богатство на отстранување на ушите, разделување на јазикот и многу повеќе, само за да стане влекач.

Тој чека повеќе операции, а во тек се планови лекарите да му го отстранат пенисот, како и сите тетоважи што ги направил досега, пишува британски „Metro“.

Многумина мислат дека луѓето кои минуваат низ вакви модификации на своето тело, постојат само во научно-фантастичните филмови и дека се губитници, валкани и глупави“, рекол Тијамат.

Тој додал дека додека бил „човек“, работел во финансиска институција на местото заменик претседател.

На првата операција вградил рогови

Тој додал дека во детството претрпел злоупотреба од своето семејството, а на 11-годишна возраст признал дека е геј и имал желба да го смени полот.

На крајот, тој реши да се „ослободи од своите родови права“ и да стане она што е денес.

Тој отишол на својата прва пластична операција во 1979. година, инсталирајќи рогови за 330 фунти. Тој беил петтиот човек во светот што се решил за оваа операција.

Досега има инсталирано 18 импланти, рогови, ги отстранил двете уши, делумно го оперирал носот, извадил 32 заби. Лекарите, исто така, го поделиле неговиот јазик на два дела.

Тој вели дека луѓето реагираат различно кога ќе го видат, дека има и такви што се плашат и го избегнуваат, но и оние кои бараат да бидат фотографирани со него.

Коментари

Популарно