ВИДЕО: Тајфун ја опустоши Јапонија

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати во тајфунот Хагибис кој ја погоди Јапонија. Налетите на ветерот достигнуваат и 180 километри на час и донеле обилни врнежи и силни ветрови кои го парализираат Токио.

Скоро половина милион домови останаа без електрична енергија, а делови од централна и источна Јапонија се поплавија, јавува Ројтерс.

Јапонските власти упатиле десетина илјади спасувачи и војници во загрозените подрачја.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за Токио и околината, наведувајчи дека таков интензитет на врнежи се гледа еднаш во 60 години, пренесува агенцијата Кјодо.

Премиерот Шинзо Абе е во приправност во својата резиденција и околу него се тим советници кои ги собираат сите податоци за тајфунот.

Коментари

Популарно