Татко си ја подмитува ќерката за да оди во теретана, еве зошто

Еден загрижен татко и понудил на својата ќерка да и плаќа по 15 долари за секој поминат саат во теретана, бидрјки бил загрижен за нејзината тежина. Имено неговата ќерка откако заминала во друг град да студира, но бидејќи и работела во исто време, сосема заборавила да се грижи за својот изглед. 

Креативниот татко ги запрашал корисниците на Reddit дали е лошо што сакал да и плати на својата 22-годишна ќерка за секој час што го поминувала во теретана.

„Не станува збор за естетски изглед повеќе, туку јас сум многу загрижен за нејзиното здравје. Се обидов да разговарам со неа за нејзината тежина. Таа го прифати тоа, но гледам дека таа беше и малку повредена. За жал, нема доволно мотивација да оди во теретана покрај сè друго што прави во нејзиниот живот. Јас и предложив да и давам секој час поминат во салата по 15 долари. Верувам дека тоа ќе ја охрабри “ се пожалил таткото. 

Иако неговата сопруга смета дека ова е ужасна идеја, тој смета дека тоа ќе ја поттикне неговата ќерка да живее поздраво. Сепак, имаше некои одговори дека вежбањето ќе помогне, но дека 80 проценти од диетата е всушност исхраната.

„Се согласувам дека поздравата исхрана ќе помогне да изгуби повеќе килограми, но ако таа добива 10 долари на час на работа и 15 долари во теретана, сигурен сум дека ќе вежба повеќе од било кога и ќе има повеќе пари за да купи подобра храна“, истакнал тој.

Коментари

Популарно