Да се насмееме

Сметка

Оди плавуша во банка:

– Сакам да отворам заедничка сметка.

– Со кого?

– Не ми е битно со кого, најдете некој кој што има пари!

Професија

Учителката ги прашува децата што би сакале да бидат кога ќе пораснат:

– Трпе ти што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?

– Јас учителке сакам да бидам успешен и на жена ми да и купам јахта, дијаманти, замок, ферари…

– Браво Трпе, убаво. А ти Цветко?

– Јас учителке сакав да бидам космонаут, ама сега сакам да бидам жена на Трпе!

Коментари

Популарно