ФОТО: Млада девојка сосема спонтано си нашла спонзор

Ејми Вилијамс е 21-годишна студентка од Гласгов која сосема случајно пронашла спонзор.

На Твитер напишала дека нема доволно пари и дека ѝ треба спонзор. Веднаш после тоа добила порака во која маж и понудил пари во замена за нејзините стапала.

„Мислев дека се шегува, бидејќи на Твитер има многу лажни профили како неговиот, па му реков дека прво сакам пари. Потоа ми испрати една негова кредитна картичка и ми рече да купам нешто и јас тоа го направив“, раскажала Ејми.

Таа досега потрошила повеќе од 130 илјади динари на облека за себе и своите пријателки. Нејзиниот договор со спонзорот, кој е познат само како Ричард станал вирален. Следбениците коментирале дека и тие би сакале свој спонзор и ја прашале како ѝ успеало.

„Ги испрати своите картички со големи износи и ми рече да потрошам колку сакам и да ги почестам своите пријатели. Купив толку работи што морав да запишувам која нарачка за што е. Редовно ми испраќа пари само за фотографиите од моите стапала, што е мноу чудно, но не се жалам, тоа се само стапала“, рекла Ејми.

Коментари

Популарно