ФОТО: Бремената Шехерезад позираше пред фоторепортерите

Една од најплатените  турски актерки Бергузар Корел или попозната како Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, е бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, криеја дека по вторпат ќе станат родители, но сега веќе стомачето е видливо и тие отворено зборуваат за бременоста. Таа вели дека ужива и дека се чуствува одлично.

„Како што можеше да прочитате во медиумите. Јас и Халит очекуваме друго дете. Не можам со зборови да ви ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Ние сме многу среќни и ви благодариме за вашите добри желби, рече Корел.

Бергузар и Халит веќе го имаат 9 годишниот син Али.

Коментари

Популарно