Еве како да се спасите „од шпионирање“

Едвард Сноуден поранешниот американски разузнавач и „свиркач“ Едвард Сноуден  на подкастот  “Joe Rogan Experience” се осврна на бројни теми во врска со сајбер безбедноста и разузнавањето.

Тој е поранешен разузнавач на ЦИА и соработник на НСА, а стана американски „државен непријател број 1“ бидејќи  објави документи во кои се открива како американските разузнавачки служби ги шпионираат американските граѓани.

Американскиот суд го бара затоа што треба да одговара за прекршување на Законот за шпионажа и загрозување на националната безбедност, па Сноуден од 2013-та година живее „заробен“ во Русија каде што доби азил од руските власти.

Сноуден на подкастот “Joe Rogan Experience” проговори за тоа на кој начин разузнавачите ги шпионираат луѓето и дали ЦИА поседува информации за вонземјани, а исто така откри и како се шпионираат луѓето преку нивните мобилни телефони.

„Имате мобилен некаде во собата. Мобилниот е исклучен, барем екранот му е исклучен. А, кога некој ќе ви испрати порака, екранот оживува. Како е тоа можно?“, се запраша Едвард Сноуден.

„Мобилните денес се сеприсутни и се главниот начин за прислушкување затоа што луѓето ги користат почесто и од компјутерите. Кога и да ви е мобилниот вклучен, постои запис за вашата присутност на тоа место“, вели Сноуден и додава дека ако телефонот ви е вклучен, тогаш нема што да направите.

„Секој паметен телефон, секој мобилен е секогаш поврзан со најблискиот репетитор. Дури и кога екранот му е исклучен и мислите дека не работи ништо, не можете тоа да го видите затоа што емисиите на радиофреквенциите се невидливи. Но, телефонот „врска“ во воздухот говорејќи – тука сум, тука сум“, открива Сноуден кој утврдил дека записот на вашата присутност на некое место ќе постои ако со себе го носите телефонот.

Според него, на тој начин функционира масовниот надзор на населението, безразлика дали сте осомничен или „најобичниот човек на светот“. Сноуден тврди дека на тој начин се создава основна колекција што е владин еуфемизам за масовниот надзор – владата ги собира тие податоци надевајќи се дека еден ден би биле корисни.

Сноуден вели дека луѓето едноставно немаат поим што нивните телефони би можеле да работат во позадина, а според него, посебно проблематично е тоа што кај новите телефони не може да се извади батеријата. Сепак, Сноуден советува дека за почеток доколку не сакате да ве следи некој, најдобро би било да го исклучите телефонот.

Коментари

Популарно