За колку ќе се намали зелениот картон?

Се уште се во тек  анализите за корекција на цената на зелениот картон, анализата ја прават Министерството за финансии во соработка  со Агенцијата за супервизија на осигурувањето и осигурителната индустрија АСО).

Ова го соопшти претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој не прецизираше доколку има корекција кога би стартувала.

-Се прават анализи од страна на Министерството за финансии, осигурителната индустрија, како и Агенцијата за супервизија на осигурување со цел да видиме дали постојат некои реформски зафати во делот на одредени корекции како зелената карта. Меѓутоа, од она што сакаме да дојдеме како крајна цел, а секако тоа е ценовната либерализација на автоодговорноста, изјави Попоски одговорајќи на новинарски прашања при денешното одбележување 10 години постоење на АСО.

Промената на цената на зелениот картон ја најави премиерот Зоран Заев на партиска трибина минатиот месец. Како што рече, се работи на намалување на цената на зелениот картон за осигурување возилата.

-Сакаме да ја намалиме цената на зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, рече Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово минатиот месец.

Во земјава сега возачите имаат можност да извадат зелен картон заедно со регистрацијата на возилата со важност од една година и со едномесечна важност.

Центата на едномесечниот кзелен картопн е 30 евра за возила до 66 КW и 60 евра за над 66 КW. Цената на годишниот зелен картон е 3690 денари, односно 5.536 денари.

Коментари

Популарно