Фото: Таа тeлoтo го дотера, меѓутоа..

 Клои Кардашијан се појави на доделувањето на наградите „People's Choice“ и сите забележаа дека нејзината линија е доведена до совршенство.

Оваа ријалити ѕвездата некогаш ја нарекуваа „грда утка на семејството“ од фамилијата Кардашијан, после разводот од кошаркарот Ламар Одом, таа се посвети целосно на физичкиот изглед, па затоа започна редовно да тренира, а неколку пати отиде и под нож.

Дека нејзините напорни тренинзи се исплатија, што се гледа по нејзиното тело, сепак многумина се согласуваат дека нејзиното лице е уништено од бројните операции.

Имено, кога таа се појави синоќа во тесен црн фустан, чиј горен дел беше транспарентен, сите останаа без здив од нејзиното совршено тело, но впечатокот го расипа нејзиното лице, за што многумина коментираа дека има премногу шминка и исто така естетски корекции .

Фановите со месеци ја советуваа Клои да престане со операциите, бидејќи таа се повеќе личи на нејзината мајка Крис Џенер. Колку коментарите започнаа да и сметаат, покажува и фактот дека во еден момент таа ја исклучи опцијата за коментари на својот Инстаграм профил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Back to the routine in my @goodamerican

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Коментари

Популарно