Видео:Снимка од апсeњетo на македонскиот бизнисмен во Србија

Во заедничка акција на БИА, ВБА, Управата за криминалистичка полиција и Вишото јавно обвинителство во Белград и Краraљево, Боривоје Глишовиќ, пензиониран инженер на Првт партизан од Ужице и Шефкет Демировски, сопственик на македонската компанија АТС Груп во Скопје, беа уапсени во белградски хотел.

Тие биле приведени за време на деловна средба, каде што се договарало  предадавање на доверлива документација за производство на муниција со калибар 12,7 мм.

Глишковиќ од Демировски на претходната средба добил аванс околу 30 000 евра, додека преостанатиот дел најверојатно ќе го примел пензионираниот инженер во иста сума откако ќе била доставена целокупната документација, укажуваат оперативни сознанија и материјални докази.

Демировски имал намера да ја користи документацијата за производство во просториите на поранешната фабрика   за производство на муниција Сувенир Македонски Брод, како и во фабриката во Катар, каде имал акции.

Небојша Ивановиќ и Милован Миловиќ, се уште вработени инженери во фабриката Први партизан, биле уапсени покрај Гликовиќ и Демировски во Ужице и Пожега, под сомнение дека доставиле документација од Први партизан за пари.

При претресот на осомничените во Белград, Ужице и Пожега, пронајдени се големи количини на  пари и доверлива документација за производство на муниција

Коментари

Популарно