ФОТО: Професионално ги започнаа подготовките за вториот круг со Вики Миљковиќ

Како и минатата сезона така и во оваа во „Ѕвездите на Гранд“ има и македонски претставници. Правилата во музичкото шоу остануваат речиси исти, со некои мали измени. Па така, членовите на жирито имаат и улога на ментори. Менторите заедно со своите екипи и соработници ги подготвуваат кандидатите за следните кругови.

Оваа сезона, има и мала измена. Односно, наместо продукцијата, има и гост – ментор кој гостува само една емисија и може да одбере некој кандидат, а во таква улога ќе ја видиме и македонската пејачката Тијана Дапчевиќ.

Како и во минатите сезони, така и оваа година, без исклучок,  во музичкото шоу има македонски претставници, а меѓу нив Стефан Виличковски, Марио Арангеловски, Александра Темелков, Гоце Бошковски и многу други. Од сите нив, Александар Темелков и Гоце Бошковски за свој ментор ја одбраа пејачката Вики Миљковиќ.

Вики Миљковиќ и нејзината екипа започнаа со подготвките на нејзините кандидати, бидејќи наскоро започнува вториот круг на музичкото шоу. Имено, Александар и Гоце се најдоа во студиото на Миљковиќ каде ги бираат песните за следниот круг, работат на грешките, интерпретација и целосниот настап.

Исто така, и  Гоце Бошковски сподели дел од атмосферата во студиото на Миљковиќ.

Инаку, добро е познато дека српската пејачка целосно е посветена на своите кандидати и има ангажирано цела екипа, односно шминкер, фризер, стилист, психолог кои професионално и посветено работат сите заедно.

Вики, навистина се труди да ги спреми своите кандидати во секој поглед, а како ќе поминат ќе видиме наскоро.

Коментари

Популарно