„Авалон“ ја затвора успешната годината на мега концерти

По Стинг, Лени Кравиц и Ерос Рамацоти „Авалон продукција“ вечерва со мега концертот на светски познатиот Брајан Адамс во „А1 арена“ во Скопје, ја завршува успешната годината на големи концертни настани.

Како што најавуваат „Авалон“ вечерва не очекува еден неверојатен музички спектакл, а интерес за концертот имало од целиот регион, но и пошироко.

„Концертот е пред распродавање. Особено нѐ радува фактот што во Скопје доаѓа огромна група фанови од цела Европа, кои го следат Брајан Адамс секаде каде што настапува“, велат од „Авалон“.

Адамс, кој минатата недела го прослави 60. роденден, е еден од најуспешните канадски музичари на сите времиња, со продадени над 75 милиони албуми низ цел свет. Тој доаѓа во Скопје во рамките на светската турнеја „Осветли светлина“, именувана според неговиот последен, 14. студиски албум, што излезе во март.

Вратите на салата се отвораат во 18:30, а концертот почнува во 20 часот. Македонските фанови можат да очекуваат сет-листа од 25 песни.

Коментари

Популарно