Видео: ВЕНЕЦИЈА НА КОЛЕНА: Стравични снимки од воздух по поплавите во градот

Венеција е сè уште поплавена бидејќи рекордни врнежи од дожд го погодија градот. Околу 70 проценти од територијата е поплавена, а нивото на водата достигна 187 сантиметри, што не се случило од 1966 година.

Воздушните снимки го покажуваат обемот на поплавите.

Каналите преку кои е препознатлива Венеција се претворија во реки, а многу згради се пробиени од вода.

И покрај сè, туристите сè уште во голем број го посетуваат плоштадот Свети Марко и другите значајни делови на градот.

„Штетата од поплавите што ја зафатија Венеција веројатно ќе достигне неколку стотици милиони евра“, рече градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Базиликата „Свети Марко“ претрпе сериозни штети, како и целиот град.

Венеција jа погоди вториот најголем прилив на бран во историјата, а во поплавите загина и една жртва. 70-годишен маж го загуби животот од струен удар кога се обиде да вклучи пумпа во неговиот поплавен дом.

Коментари

Популарно