Дедото не поминал на пешачки туку удрил во столб од семафор

МВР остро ги демантира наводите во текстот објавен во рубриката Моја приказна на порталот Досие.мк, од наводен сведок на настанатот, во кој се тврди дека  дедо, кој поминувал улица на прешаки премин, наводно бил запрен од полиција и казнет.

Станува збор за целосна невистина, бидејќи според пријавеното на 13.11.2019 околу 08.00 часот Н.Б.(76) од Скопје, управувајќи моторно возило „матиз“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб од семафор. Бил извршен увид од увидна екипа, настанот е евидентиран, а Н.Б. бил пуштен да си оди.

Коментари

Популарно