И Владо Бучкоски се „спаси“

Куртули и екс премиерот Владо Бучковски, му застарува делото за „Тенковските делови“

Пресврт во маратонското судење за екс премиерот Владо Бучковски. На завршни зборови обвинителството се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај. Со новата квалификација всушност предметот застарува велат од Коалицијата сите за правично судење чии преставници го следеле денешното рочиште.

На инсистирање на Бучковски е дозволено на следното рочиште тој да ги каже последните завршни зборови, а тоа го побарал за да образложи зошто е невин. Одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска која го води предметот за застареност се уште нема, но сепак според познавачите тоа е само формалност која ќе следува на следното рочиште закажано за 22-ри овој месец.

Заедно со неговото дело застаруваат и оние на обвинетиот ексначалник на генералптабот на АРМ Методиј Стамболиски и неколкумина вработени во Министесртвото за одбрана.

Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите. Тврдеше дека со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

Извор ТВ Телма

Коментари

Популарно