Уште едно лице побегна од домашен притвор

Во текот на вчерашниот ден  полицајци отишле во домот на Драганчо Стојменов познат и како Дацо Белски за да проверат дали ја издржува мерката домашен притвор,  меѓутоа истите констаттирале дека лицето не  може да го најдат.  Дацо Белски еден период беше  телохранител на Сашо Мијалков.

Од МВР потврдија дека тој сега има статус на бегалец.

-Судот му одредил мерка куќен притвор, и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето, велат од прес службата на МВР.

Драганчо Стоименов попознат и како Дацо Белски лани учествуваше во престрелка пред угостителски објект Аква во Кочани. Во тоа време Белски беше телохранител на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и често го придружуваше во судниците својот шеф кој беше обвинет во повеќе предмети на СЈО.

По инцидентот во кој рани човек, Белски избега и бегството го заврши со предавање на надлежните по што беше сместен во Шутка во април. На крајот на летото, кочанскиот суд му определил домашен притвор, а Белски во петокот го немало дома по што истиот суд утврди дека избегал.

Коментари

Популарно