Соња е пронајдена жива и здрава

Соња е пронајдена жива и здрава после 24 часови потрага, семејството објави дека 34 годишната жена е пронајдена утрово околу 10.30.

Информацијата ја потврди и полицијата. Од СВР Струмица велат дека повеќе тимови биле вклучени во потрагата по Соња.

Вчера по полициската станица нејзиниот татко Д.А. (60)  од Дабиље пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.А (34), лице со здравствени проблеми, која и претходно во неколку наврати се оддалечувала од домот и е враќана назад.

Коментари

Популарно