Во Хрватска еден бегалец „помалку“

Во четвртокот во Нови Сад бил уапсен еден од најбараните криминалци во Хрватска, ова е потврдено од Хрватското МВР. Претходно Министерството за внатрешни работи на Хрватска во соработка со единица од Србија и Полициската управа на Нови Сад успеале да го лоцираат еден од најбараните хрватски бегалци Бојан Драгичевиќ

Драгичевиќ во 2005 година, за помалку од еден месец, со група соработници двапати ограбил иста банка во Шибеник со помош на пластичен пиштол. По двете разбојништва успеал да побегне и се криел до 2012 година, кога по седум години бегство бил уапсен во Босна и Херцеговина и екстрадиран во Хрватска.

Судот го осуди на затворска казна од четири години и два месеца. По година и пол успеал да побегне од најстрого чуваниот дел на затворот, но истиот ден бил пронајден и вратен на издржување на казната. Во април 2014 година преместен е во затворот во Пула, од каде по само четири месеци побегнал со прескокнување на шидот. ОПттогаш беше во бегство.Овој бегалец се наоѓа на Европската листа на најбарани од 2016 година, односно од составувањето на листата каде се објавени имињата на најбараните криминалци во Европа, со оглед дека станува збор за исклучително опасен и насилен бегалец.

Коментари

Популарно