Се сеќавате ли на Чендлер и Моника, на многумина омилениот пар од серијата "Пријатели". Сега во јавноста протече дека всушност Метју Пери бил заљубен во Кортни Кокс и во вистинскиот живот.
US Weekly пишува дека анонимен извор, блозок до актерот тврди дека Метју "секогаш бил заљубен во неа" и уште додал дека "никогаш не ја преболе до крај" .
Кортни и Метју неодамна ги воодушевија своите фанови со заедничка фотографија на Инстаграм.
"Погодете со кого бев на ручек денес...Знам!!! Можам ли да бидам посреќна?, напишала Кортни за таа прилика и во таговите додала "Вистински пријатели".