Од претерано гледање во телефонот може да се разболите

Лекарите предупредуваат дека прекумерната употреба на мобилните телефони и долгото зјапањето во него може да доведе до сериозни заболувања.

Конкретно, најмногу страда вратот поради тоа што при сурфањето на интернет и пишувањето на пораки главата е во поднавалена положба и се јавува т.н продолжен врат.

Тоа предизвикува болки во вратот што создава притисок и болки во главата. Лекарите објаснуваат дека главата на човекот е тешка скоро пет килограми и секое навалување го напрега вратот се до пршлените.

Тоа создава притисок кој може да има трајни последици по здравјето.

Коментари

Популарно