Русија смета дека Северна Македонија и Албанија не се подготвени за членство во ЕУ

Русија го оправдува спротивставувањето на Макрон на проширувањето на ЕУ.

Владимир Чижов,  амбасадор на Русија во ЕУ  вели дека Макрон „има поента“ кога тој тврди дека ЕУ треба да се справи со тензиите меѓу своите членки пред да започне разговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија.

„Претседателот Макрон има поента кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со своите внатрешни работи пред да продолжи со проширувањето“, рече изјави амбасадорот Чижов во интервју за Фајненшл тајмс, бранејќи ја политиката на францускиот претседател и истакнувајќи ја поделбата меѓу европските сојузници.

Според него ниту Македонија, а уште помалку Албанија се подготвени за пристапни преговори.

„И секако објективно, претерување  е да се каже дека и Северна Македонија, особено Албанија, се подготвени за членство, – со сета почит кон тие две држави” изјави рускиот амбасадор во Брисел кој на таа функција се наоѓа од 2005 година.

Коментари

Популарно